Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Оливер Спасовски на работна средба со амбасадорот на Катар

Министерот Оливер Спасовски на работна средба со амбасадорот на Катар

Денеска во Министерството за внатрешни работи, се одржа работна средба помеѓу Mинистeрот за внатрешни работи,Оливер Спасовски и Амбасадорот на државата Катар во Република Македонија Н.Е. Хасан Бин Абдула Заид Ал Махмуд.

Министерот Спасовски на средбата укажа на важноста во наредниот период посебно внимание да се посвети на правната основа за соработка во областа на внатрешната безбедност помеѓу двете земји. На тој начин би постоела правна рамка со која би биле уредени заедничката борба против организираниот криминал, борбата против тероризмот, недозволената трговија со оружје, недозволената трговија со оружје и други области кои ја засегаат безбедноста на двете земји.

За време на разговорот се збореше и за пријателски односи помеѓу двете земји кои во иднина би требало дополнително да се развиваат во сите сфери на општественото живеење, а на крајот од средбата министерот беше поканет на официјална посета на Катар. 


Слично

Поврзани вести