Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Николовски згрижи домашен миленик

Министерот Николовски згрижи домашен миленик

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски објави дека има домашен миленик - куче од расата мопс, со кого сподели заедничка фотографија.

- Конечно дома со Тор, напиша министерот на Фејсбук и при тоа го откри името на својот миленик, без да дава дополнителни информации колку време го поседува.

Претходно и премиерот Димитар Ковачевски откри дека чува куче и дека на барање на заедницата му дал налог на Николовски, да подготви сосема нов закон за миленици, во кои ќе биде опфатени барањата на организциите за заштита на животните.

- Барањата се легитимни и ќе се подготви нов Закон кој ќе ги опфати сите услови за чување на домашни миленици, почнувајќи од чипирањето. И јас чувам куче и знам како е. Во однос на кучињата скитници, сметам дека е време и градоначалниците да си ја вршат својата работа и да поведат грижа за тоа што им се случува на нивните улици. Не ги биравме градските татковци, постојано да се жалат, туку да работат, рече Ковачевски во јануари.


Слично

Поврзани вести