Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Милевски вели дека на општините им треба реорганизирање

Министерот Милевски вели дека на општините им треба реорганизирање

Градоначалниците да влезат со тимови, кои ќе  имаат мандат додека трае мандатот на градоначалникот, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски и додаде дека на општините им е неопходно целосно реорганизирање. 

„Вака секој градоначалник сака да стави свои луѓе и администрацијата се дуе како балон. Тоа е невозможно да се издржи“, изјави  Милевски.

Тој рече дека Владата планира да го прошири процесот на децентрализација на локалната самоуправа и дел од надлежности на државата да преминат кај општинските власти.

Слично

Поврзани вести