Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Маричиќ го поздрави разрешувањето на двајцата судии: Само на овој начин ќе се врати довербата

Министерот Маричиќ го поздрави разрешувањето на двајцата судии: Само на овој начин ќе се врати довербата

Министерот за правда Бојан Маричиќ ја поздрави одлуката на Судскиот совет за  разрешувањето на двајца судии од Основнот суд Охрид поради несовесно работење.

„Филтрацијата во судството започна. Ја поздравувам последната одлука на Судскиот совет за разрешување на судии кои ја попречувале правдата. Само на овој начин ќе се врати довербата во системот. На нашите граѓани им ветивме правда и правда ќе има“, напиша синоќа министерот на социјалните мрежи.

Судскиот совет вчера ја разреши судијката Весна Кичеец поради несовесно и нестручно постапување во судскиот процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски од 2016 година, а неофицијално, разрешен е и пензионираниот судија Трајче Скрчески од Основниот суд Охрид.



Слично

Поврзани вести