Министерот Лога импресиониран од затвор во БИХ
Министерот за правда Кренар Лога е импресиониран од условите и европските стандарди од затворот Илиџа во БИХ и порача дека Македонија треба да го следи овој пример. Станува збор, според Министерството за правда, за најсовремен затвор на Балканот.

„Со изградбата на оваа установа се намали пребукираноста во затворите. Европската Унија за него издвои над 11 милиони евра финансиски средства. Има капацитет за 300 затвореници и 50 места за притвор. Располага со најсовремено опремени простории, спортски терени, работилници, храната се служи во ќелиите а има и посебна просторија за молитви и практикување на релегија.


Лога инакуво БИХ се сретна со вицегувернерот на Банката за развој на Совет на Европа, Томаш Бочек и Арно де Вердиер ,кантри менаџер од Банката за развој на Советот на Европа.
Слично


