Министерот Љутков ја посети семејната куќа на Апасиев во Велес
Министерот за култура Зоран Љутков денеска беше на увид на реставрирањето на „Куќата на Апасиеви“ која во 2021 година беше прогласена за културно наследство во опасност, како значаен дел од градската архитектура на Велес.
Министерството за култура пред неколку години презема итни мерки за санација и реконструкција на семејната куќа на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, а сегашната власт како тогашна опозиција се побуни против одобрувањето на средствата.
„За нејзино зачувување е изработен Основен проект за конзервација, реставрација и санација, избран е и изведувач, но во процесот на реализација се појавија одредени проблеми.

Затоа денес сме тука заедно со екипата на Националниот конзерваторски центар, со цел да се запознаеме со тековната состојба и да создадеме услови за надминување на проблемите и се со цел продолжување на конзерваторско-реставраторските процеси.
Нашата заедничка цел е целосна заштита на објектот, за што Министерството за култура и туризам обезбеди 4 милиони денари“,објави министерот Љутков.
Слично
