Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Кренар Лога се заканил со оставка?

Министерот Кренар Лога се заканил со оставка?

Министерот за правда, Кренар Лога се заканил со оставка, велат за ТВ 24 владини извори, откако законот со кој министерот најавува намалување на затворениците во затворите повторно извиси на Влада. 

На денешната седница според информациите на ТВ 24 иако била отворена дебата, законот не бил усвоен и бил пратен повторно на доработка. Пред две недели Лога сам не го предложи законот да го доработи, денеска Владата му констатира дека треба да се доработи. Од владата официјално за ТВ 24 велат дека процедурата е редовна. Од министерството за правда молк, а молчи и министерот за правда Лога.

Но, неговите коалициски партнери се гласни и денеска повторуваат дека за законот амнестија нема коалициски и политички договор. 

Слично

Поврзани вести