Министерот кој не го интересираа граѓаните доби прекоманда: Дураки ќе биде Министер за политички систем
Министерот од кој граѓаните очигледно не се задоволни кога станува збор за животната средина и нејзиното уредување добива нова функција.
Садула Дураки кој што со една неумесна изјава ја зовре јавноста ќе биде нов министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Тој добива „прекоманда“ од фотелјата во Министерството за животна средина и просторно планирање каде земаше плата од над 72 000 денари.
Во јавноста Дураки е познат по тоа што досега нема одржано ниту една прес конференција за проблемот кој ги гуши Македонците со години, а откако рече дека не се занимава со граѓаните побрза да се оправда и да каже дека новинарите лошо ја пренеле неговата порака.
Слично
