Министерот Ќахил: Владата нека одлучи дали треба да бидам сменет
Министерот без ресор за привлекување странски инвестиции, Аднан Ќахил, за ТВ21 изјави дека нема да влијае и ќе и остави на македонската Влада да одлучи дали заслужува или не да биде дел од неа.
Ваквата реакција на професорот со широки контакти следува откако неговата матична партија Движење на Турците во Македонија, која патем самиот ја формирал, го исклучи со одземање на признанието почесен претседател и побара од Владата тој да биде разрешен поради злоупотреба и криминално дело.
- Јас сум сто насто невин. Но оставам простор да се доискажат. Нема да ја злоупотребам позицијата за да влијаам. Никола Груевски го осудија, избега и никој во неговата партија не се дрзна да го исклучува или да - рече министерот.
Ќахил им порача на раководителите на партијата дека попусто бараат од премиерот Зоран Заев тој да биде разрешен, бидејќи тие не одлучуваат за тоа.
Во август пријавил две лица во полиција, а доставил и докази – дека тој и членови на неговото семејство се под закани по живот и уцени од неколку луѓе. Но и покрај неговата пријава, Ќахил вели дека осомничените кои ги обвинил за оваа дело, се пуштени на слобода од органите на редот.
