Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Хоџа од Беса тврди дека е можно да формираат парламентарна група со ДПА

Министерот Хоџа од Беса тврди дека е можно да формираат парламентарна група со ДПА

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, кој во Владата го делегираше Беса, партијата која предизборно коалицираше со СДСМ синоќа во телевизиско гостување рече дека не ја исклучува можноста заедно со лидерот на ДПА, Мендух Тачи да формираат парламентарна група која ќе делува во Собранието

Хоџа гостуваше на ТВ 21 во емисијата Клик плус и рече дека од неговата партија немаат ништо против Алтернатива да биде дел од Владата, но за такво нешто треба да одлучи премиерот Зоран Заев.

Во моментов парламентарното мнозинство има 62 пратеника. Ако влезе Алтернатива мнозинството би се проширило. Алтернатива на изборите настапуваше во коалиција со Алијансата за Албанците и освои четири пратенички места. Беса има 4 пратеника, додека ДПА еден пратеник.

Инаку синоќа и Александар Николоски, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Стар рече дека со пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство. 

„Во овој момент, еве ексклузивно има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство, рече Николоски.


Слично

Поврзани вести