Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Филипче посети претепана медицинска сестра

Министерот Филипче посети претепана медицинска сестра

Министерот за здравство Венко Филипче посетил медицинска сестра која завршила на Психијатрија откако била претепана и вербално нападната од семејство на починато момче во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Во текот на денот се очекува официјално известување од страна на Министерството за здравство.

Медицинска сестра била нападната ова утро во 09.30, додека пациентот починал во текот на ноќните часови.

Медицинската сестра прво била нападната од мајката на младиот пациент, а потоа и од другите членови на семејството кои и удирале клоци. Сестрата била одговорна да се грижи за пацинетот во изминатите денови.

По нападот, таа  веднаш била упатена во Ургентниот центар каде и била дадена прва помош. Сестрата имала повреди на раката и била вознемирана, поради што била испратена на Психијатрија, објави НОВА ТВ.



Слично

Поврзани вести