Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Филипче насмеан на протестот на здравствените работници

Министерот Филипче насмеан на протестот на здравствените работници

Ширум скопските клиники во тек се протестите на здравствените работници во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Се протестира со мото да запре насилството на лекари и медицински персонал.


Меѓу нив е и министерот Венко Филипче кој најави дека ќе излезе заедно со нив да им даде поддршка.

-Со насилство не се решаваат работите. Сметам дека нема никаква логика да се крене рака кон здравствени работници кои деноноќно се борат за животите на најблиските. Сите тие пристапи се казниви и се предвидени паричним но и затворски казни-кажа министерот. 

Од АСМЛ на протестот велат дека се свесни и дека дел од лекарите имаат некоректен однос кон пациентите, но дека нема да дозволат да работат под страв.


Организаторите посочија и дел од проблемите со кои секојдневно се соочува, се пожалија на ниските плати но и лошите услови во кои работат.


Фото: Фејсбук-АСМЛ

Слично

Поврзани вести