Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот Филипче кажа кога ќе постигнеме колективен имунитет

Министерот Филипче кажа кога ќе постигнеме колективен имунитет

До крајот на летото можеме да се надеваме на колективен имунитет.

Mинистерот за здравство, Венко Филипче ова тврдење го темели на големиот интерес за имунизација. 

„Навистина охрабрува големиот одзив кај граѓаните за теренската вакцинација. Секоја чест и за сите колеги здравствени работници кои се вклучени во оваа операција. Граѓаните масовно да се вакцинираат, имаме одличен напредок во бројките на вакцинирани. Само со ова темпо можеме до крајот на летото да се надеваме на колективен имунитет“, порача Филипче. 

Министерството за здравство попладнево објави на кои локации утре ќе има теренска вакцинација. 

Во последните 24 часа се направени 1.749 тестирани, а регистрирани се 5 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 3 и  Скопје  – 2.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести