Министерот Борко Ристовски ја пречека Лина Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
Министерот за спорт Борко Ристовски денес ја пречека Лина Ѓорчевска по историскиот настап на Вимблдон како прв тенисер од Македонија што некогаш настапил на некој гренд-слем турнир.
„Со голема чест и гордост денеска ја пречекав нашата тениска хероина Лина Ѓорческа по нејзиниот историски настап на Вимблдон.
Лина испиша историја како прва македонска тенисерка што настапи на главната фаза на најпрестижниот светски тениски турнир. Тоа не е само личен успех – тоа е успех на цела Македонија.
Со својата упорност, дисциплина и пожртвуваност, Лина покажа дека и македонските спортисти можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот.
Како Министерство за спорт, ќе продолжиме силно да ги поддржуваме сите наши спортисти кои со својата работа, талент и резултати достоинствено ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена. Особено ќе се залагаме за создавање подобри услови за развој на индивидуалните спортови и за новите генерации млади шампиони“, порача Ристовски.
Слично
