Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерот без ресор Мерко во посета на Албанија ќе ја подобрува бизнис соработката

Министерот без ресор Мерко во посета на Албанија ќе ја подобрува бизнис соработката

Министерот за странски инвестиции Рамиз Мерко од денеска до 4 август ќе престојува во официјална посета на Албанија за време на која ќе има средби со албанскиот претседател Илир Мета, со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и со претставници на стопанските комори и индустрии, како и со бизнисмени.

Мерко ќе биде придружуван од заменик-директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Асип Усеини и од директорот на Меѓународната канцеларија „FM Consulting“ Фатос Мустафа.

Во соопштениот од кабинетот на Мерко, се вели дека посетата е во контекст на создавањето заедничка регионална економска зона, финансиски подржанa од Самитот во Трст кој се одржа во јули оваа година. Посетата е и можност за запознавање на албанската Влада и бизнис заедницата со новиот модел за водење бизнис на Македонија, како и олеснителните политики што ги спроведува Владата во насока на подобрување на бизнис климата.

Предвидени се средби со претседателот на Стопанската комора за трговија и индустрија на Тирана, Николин Јака, со претседателот на Агробизнис советот на Албанија, Агим Рапај, со претседателот на Агна груп Васил Начи, претседателот на Маре Адриатик, Марк Бабани, со Максим Цасли, директор на Deloitte за Албанија и Косово, со претседателот на Аиба Компани, Агрон Дука, како и со претседателот на Грин Фарм Фердинант Бани и други.


Слично

Поврзани вести