Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ СО ФОТОГРАФИИ ОД КОЛИЧКИ ПОЛНИ ЗЕЈТИН: Продажбата е ограничена, нема да дозволиме да го препродаваат или да го носат во странство

МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ СО ФОТОГРАФИИ ОД КОЛИЧКИ ПОЛНИ ЗЕЈТИН: Продажбата е ограничена, нема да дозволиме да го препродаваат или да го носат во странство

Министерот за економија Крешник Бектеши преку фотографии направени во некој од скопските маркети, а кои ги објави на неговиот фејсбук профил преку практичен пример го илустрира оправдувањето на владината одлука на ограничувањето на купувањето на масло за јадење, донесени од Владата. 
„Ваков начин на купување на масло за јадење во маркетите јасно покажува дека не е за сопствени потреби за граѓаните туку за препродажба во сивата економија по повисоки цени од набавна или за продажба во соседните земји каде што зејтинот е по многу повисока цена.

Нема да дозволиме системот да биде изигран и мерките кои што ги донесовме за заштита на граѓаните од ценовни шокови да бидат злоупотребени.

Наша главна цел е граѓаните непречено и редовно да можат да ги задоволат своите потреби и да купат основни прехранбени производи во време на криза“, напиша Бектеши на фејсбук.

Инаку, како што е познато, купувањето масло за јадење во маркетите во текот на денот ќе се ограничи за да не се купуваат цели пакети, соопшти министерството за економија кое испрати известување до трговците.

„Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети. Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци, со кое ги известува дека поради значајниот пораст на купување масло за јадење од сончоглед во однос на редовната потрошувачка, се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар. Купувања има и од домашни и од странски купувачи“, изјави Бектеши.

Ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година, најави Министерството за економија, но без да прецизира колку шишиња се дозволени по купувач.

„Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат“, изјави Бектеши.

Слично

Поврзани вести