Министерот Алиу го разреши директорот на Клиниката за неврологија
Министерството за здравство попладнево информираше дека министерот Азир Алиу денеска донел решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.
„Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено“, стои во соопштението од министерството.
Причините за разрешувањето не се наведени.
На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое се гледа како Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија.
Слично
