Министерот Адеми: Владата даде зелено светло за две училишта во Крушопек и Бузалково
Арбер Адеми, министерот за образование, вечерва објави дека на тековната владина седница бил одобрен предлогот да се формираат две основни училишта на албански јазик во селата Крушопек и Бузалково.
„Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го одобри предлогот на Министерството за образование и наука и даде позитивно мислење за формирање на две правни лица, соодветно општински основни училишта, по првичните барања од Општина Сарај и Општина Велес“, објави Адеми.
Училиштето во Крушопек ќе се вика „Напредок“, додека тоа во Бузалково ќе го носи името „Слобода“.
Слично
