Министерот Адеми од срам не дојде на прослава?
Арбер Адеми, министерот за образование, иако бил поканет и најавен, денеска не присуствувал на свеченоста на скопскиот универзитет „Мајка Тереза“ по повод одбележувањето на првата генерација на дипломци по избивањето на аферата дека е еден од функционерите кои незаконски напредувале во научни звања на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ). Ова се случувало додека тие биле на функција, па нивната професорка позиција требало да биде во мирување.
Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, инаку еден од присутните заедно со собранискиот спикер Талат Џафери, не сакаше да го коментира отсуството на Адеми туку кратко искоментира дека треба институциите без притисок да си ја завршат работата.
Аферата ја откри во јавноста просветен инспектор, кој потоа тврдеше дека директорот на ДПИ му се заканил дека ќе трпи последици, а дека од Адеми и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, бил замолен да го заташка случајот.
