Министерката за одбрана во друштво на Кејт Брнз во посета на полигон „Криволак“: Што се подготвува таму?
Во моментов на армискиот полигон „Криволак“ во тек е изградба на нови содржини пред стартот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“ а токму таму денес во посета ќе бидат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на која друштво ќе и прави Кејт Брнз американската амбасадорка.
Двете дами ќе ги посетат припадниците на АРМ и вооружените сили на САД кои во полигонот заедно градат нови содржини.
Имено, од 17 мај па до 2 јуни на Криволак ќе се одржи вежбата „Одлучен удар – 21“. Се предвидува учество на истата да зема 2.000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од нашата земја.
Слично
