Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерката Сореиде денес во Скопје

Министерката Сореиде  денес во Скопје

Министерката за надворешни работи на Норвешка, Ине Сореиде денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.

Според агендата, таа треба да оствари средба со шефот на дипломатијата  Никола Димитров.

Како што соопштија од министерството за надворешни работи Сореиде и Димитров ќе разговараат за  полноправно членство на земјава во Алијансата, како и за динамиката и развојот на македонско-норвешките билатерални односи.

Шефицата на Норвешката дипломатија за време на својата работна посета  ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Фото Твитер

Слично

Поврзани вести