Министерката Шекеринска ќе ја организира Илинденската прослава
Владата на денешната седница ја именуваше Радмила Шекеринска за претседател на Организациониот одбор за прославата на државниот празник 2 Август – Ден на Републиката.
На 2 август, денот на кревањето на Илинденското востание се очекува Македонија и Бугарија да го потпишат договорот за добрососедство со што источниот сосед ќе се обврзе да ги поддржи целосно македонските евроинтеграциски процеси додека пак, прашањата од историјата ќе треба да се решаваат со меѓусебна согласност.
Слично
