Министерката Шахпаска спаси полицаец кој колабираше поради топлото време
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпасака која по професија е лекар помогнала во освестувањето на припадник на Министерството за внатрешни работи кој колабирал денеска за време на откривањето на спомен обележјето на четворицата беровски бранители кои учествуваа во воениот конфликт во 2001 година. Немилиот настан се случил додека зборувал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во еден момент еден од припадниците на полицијата паднал на плочникот при што итно интервенирала министерката Јагода Шахпаска која беше дел од настанот.
Во интервенцијата поомогнала и други лица од Беровската Итна помош и полцацот е совестен.
„Дечкото колабираше но брзо реагиравме, му беше пружена онаа основна помош во вакви ситуации, сето тоа траеше кратка и за среќа полицаецот кратко по колабирањето беше во добра состојба, истакна кратко за случката министерката Шахпаска.
Полицаецост најверојатно колабирал од топлото време.
Деновиве е период на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови во повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени.
„Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места особено на југоистокот ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури, наведува УХМР во соопштението.
