Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИСТЕРКАТА ЈА ПРИФАТИ ШЕГАТА - Му благодарам на монтажерот што и во ова време не изгубил смисла за хумор

МИНИСТЕРКАТА ЈА ПРИФАТИ ШЕГАТА - Му благодарам на монтажерот што и во ова време не изгубил смисла за хумор

Политичките противници не мируваат. Секоја фотографија објавена од, условно речено, спротивната страна, успеваат да ја искористат во своја полза и да направат смешна монтажа со која би му ставиле негативни поени на контото на ривалот.

Откако пред неколку дена, конкретно на трети мај, министерката за правда Рената Дескоска, го прослави својот роденден во домашни услови, и притоа објави фотографии во кои свеќичките од роденденската торта ги дува со фен, симболично покажувајќи како треба да се почитуваат препораките во време на коронавирус, политичките противници тоа го искористиле и на местото на тортата ставиле фотографии од премиерот Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, па на готографиите изгледа дека таа со фенот ги суши нивните коси. 

Но, министерката Дескоска реагираше токму како што доликува на еден искусен политичар кој знае да прифати шега, па дури и му се заблагодари на, како што го нарече, монтажерот, кој и да е тој. 

„Најважно е што не губиме смисла за хумор ниту во време на корона. Благодарам на монтажерот, кој и да е...“, напиша вчера на фејсбук министерката Дескоска. 

А претходно, на трети мај, за својот роденден, еве што напиша министерката, објавувајќи ја следнава фотографија. 

„Се изгасија свеќичките на тортата (со фен, без дување, согласно препораките за заштита од корона. Посакувам што поскоро да живееме во безбеден корона-free амбиент. Воедно на сите новинари им го честитам денот на слободното новинарство. Баш ми е ќеиф што роденденот ми е на нивниот и наш ден - на денот на слободата на изразување. На сите Вас, моите пријатели кои одвоивте време за мене денес, Ви благодарам на честитките и Ви посакувам да Ви се враќа се најубаво. Бидете живи и здрави. Stay safe and corona-free!“, напиша тогаш министерката Дескоска.

Слично

Поврзани вести