Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Министер кој вежба секое утро во 6 часот - Дамјан Манчевски е веган два дена во неделата

(ВИДЕО) Министер кој вежба секое утро во 6 часот - Дамјан Манчевски е веган два дена во неделата

И министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски го прифати предизвикот, беше дел од најновото „30 прашања со“ на СДСМ.

Најдобар совет што го добил, како што рече, е „Од мотика и од политика бегај“, но ова второво за него не важело и не го почитува.

Министерот станува секое утро во 5.10, а потоа, откако ќе се истегне, од 6.00 веќе е во теретана, каде што вежба. Но, ново за него сега е што два дена во неделата е веган.

Досега најмногу има истрчано 21 километар, а не може да живее без интернет, и тоа секаде. 

Манчевски откри и други интересни детали, на пример, да не би бил политичар би бил инжинер. Омилена реплика од филм му е „Пола за мене пола за пчелите“, а омилено јадење му е месо. 

Себе си се изгуглал последен пат пред една година. 

Филм што го насмеал до солзи  е „Гол пиштол два и пол“, вели дека е лудница. Децата секој ден го изненадуваат во позитивна смисла

Најлоша навика му е што се нервира многу на работа.

Најхрабро нешто што го направил му е на 27 април. Омилен бенд му е „Инексес“.

Една од мерките на кои е најгорд во својот ресор е што „Го укинавме рамингот во Западен Балкан“

Најтешко во работата му е да се справи со сите проблеми во администрацијата.

Сакал но немал можност „Не го заживеавме Технолошкиот парк во скопје“.

Историска личност што најмногу сакал да ја покани на пијачка а и тоа му успеало е Киро Глигоров, а инаку Гоце Делчев.

Најлуда работа што ја прочитал за себе е дека има фирми во Грција.

„Фала Коста за интервјуто, него остај ја камерата фаќај теговите и ајде на вежбање“, му порачува на крајот на Коста Петров. 

Погледнете го целото видео.


Слично

Поврзани вести