Економија, финансии, бизнис

Контакт

Минирале на автопатот Гостивар - Кичево и направиле хаос

Минирале на автопатот Гостивар - Кичево и направиле хаос

МВР објави дека е поднесена кривична пријава против две странски фирми кои минирале на автопатот Гостивар - Букојчани кој пред една година започна да го гради „Бехтел и Енка“ како дел од проектот за изградба на Коридор 8.

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против подружници на два странски правни субјекти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност при градежни работи“, информира полицијата.

Пријавените фирми на 25 март,односно пред повеќе од половина година,при изведување на градежни работи на автопат Гостивар-Кичево, на локалитет во село Бањица, при минирање предизвикале општа опасност на тој начин што паднала поголема карпа во погон на фабрика за производство за цигли, при што била оштетена и цистерна, сопственост на фабриката.


Слично

Поврзани вести