Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ РАСТЕ: Да живеат изборите!

МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ РАСТЕ: Да живеат изборите!

Раст на минималната плата предвидуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во своите изборни програми. Разликата е во тоа што кај програмата на СДСМ веќе следната година се предвидува минимална плата од 12.000 денари за сите сектори а на крајот од мандатот да изнесува 16.000 денари, додека кај ВМРО-ДПМНЕ исто така следната година се предвидува минималната плата да изнесува 12.000 денари, но таа нема да важи за текстилната и кожаркста индустрија, за нив следната година е предвидена минимална плата од 10.500 денари. На крајотод мандатот ВМРО-ДПМНЕ предвидува, минималната плата да изнесува 14.000 денари, која кај кожаркста и текстилната индустрија ќе биде помала за 500 денари.  

СДСМ – МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 16.000 ДЕНАРИ

Социјалдемократскиот сојуз ветува дека следната година минималната пата за сите работници ќе изнесува 12.000 денари.

„Тоа ќе важи и за вработените во текстилната и кожарска индустрија, кои се денес потценети. Нема да има отпуштања од работа, бидејки државата ќе им помогне на стопанствениците“, стои во програмата на СДСМ.

Во програмата е наведено дека минималната до 2020 година ќе изнесува 16.000 денари.

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 14.000 ДЕНАРИ ВО 2020 ГОДИНА

ВМРО-ДПМНЕ ветува зголемување на минималната плата која до 2020 година треба да достигне 14.000 денари, додека за вработените во текстилната и кожарската индустрија да достигне 13.500 денари.  

Еве како изгледа планот на ВМРО –ДПМНЕ за зголемување на минималната плата, која не се однесува на кожарската и текстилната индустрија.

12.000 денари во 2017 година,

12.500 денари во 2018 година,

13.200 денари во 2019 година,

14.000 денари во 2020 година.

Додека пак за кожарската и текстилната индустрија планот е од сегашните 9.000 денари, следната година да достигне 10.500, а до 2020 година да изнесува 13.500 денари.

10.500 денари во 2017 година,

11.500 денари во 2018 година,

12.500 денари во 2019 година,

13.500 денари во 2020 година.

С.Н.

Слично

Поврзани вести