Мини Шенгенот бил опасен, косовска министерка бара ЕУ да го запре пред да биде предоцна
Косовска министерка вели дека Мини Шенгенот може да биде многу опасен за стабилноста и мирот на Балканот.
Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала Шварц вели дека процесот Мини Шенген може да биде многу опасен. Рече дека на Балканот постојат актери кои се обидуваат да го подријат концептот за регионална соработка, обидувајќи се да ги вратат старите времиња во овој регион, кога политичките и економските процеси биле меѓусебно поврзани. Ја повика ЕУ да ги преземе неопходните чекори за да го запре овој процес пред да биде предоцна.
„Го викаат мини-шенген и постојано ни зборуваат дека тоа не е против патот кон ЕУ. Но тоа не е точно. Ни рекоа дека тоа служи за регионална соработка. Дури и ова не е вистина“, рече таа.
Мини Шенгенот е со цел Македонија, Србија и Албанија да имаат поголема соработка.
Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ
