Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИ ЛЕТОТО КАЈ НАС ПРОДОЛЖУВА - Североисточна и Источна Европа се подготвуваат за првиот студен бран и првиот снег

МИНИ ЛЕТОТО КАЈ НАС ПРОДОЛЖУВА - Североисточна и Источна Европа се подготвуваат за првиот студен бран и првиот снег

Источно и североисточно од нашите краишта поларниот вртлог кој ќе се спушти особено денеска  и во понеделник локално ќе го донесе и првиот снег и на некои пониски места. Температурите драстично ќе се намалат, понекаде се очекува и мраз. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Од друга страна, кај нас во регионот, но и во Македонија не се очекува некоја поголема промена на времето, освен краткотрајно силен северен ветер и пад на температурите за неколку степени, по што продолжува така нареченото “Мини лето”. Сепак наутро останува студено.

Според последните направени анализи, големото заладување кај нас, како и првиот снег на планините во втората половина од овој месец се укинува, што значи дека судејќи според најновите прогнози во поголем дел одо вој месец ќе уживаме во Мини летото, со што ќе заштедеме и на греење, најавува Славчо Поповски.

Фото: Славчо Поповски

Слично

Поврзани вести