Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНИ ИЗВЕШТАЈ: Што констатира ЕК за Македонија?

МИНИ ИЗВЕШТАЈ: Што констатира ЕК за Македонија?

Европската Комисија во мини извештајот за нашата земја наведува дека има значителен напредок во реформите и уште еднаш му препорачува на Советот да се отворат преговори со Република Северна Македонија.

Националниот координатор за интеграција во Европската Унија, Берлински процес и регионална соработка, Бојан Маричиќ на прес-конференција информираше за најважните поенти од Извештајот на Европската Комисија, за напредокот на нашата земја. 

„Овој извештај е надополнување на минатогодишниот извештај и ги потврдува нашите напори за правење реформи и гарантирање на одржливи и опипливи резултати во клучните области. Потврдени се успесите во сите клучни области кои беа зададени како задачи од Европскиот совет во јуни 2018 година, а особено тоа важи за судството. Во тој дел, извештајот посочува за „значителен напредок остварен при зајакнувањето на независноста на судството“, а притоа се повикува на други релевантни извештаи и оценки од областа. Извештајот нотира и „засиленото темпо на имплементација на реформите предвидени со Стратегијата за реформа на правосудството што претставува и адресирање на „Итните реформски приоритети“ уште од Извештајот на Прибе, а наведува и повеќе усвоени измени и дополнувања, или пак усвојување на целосно нови закони кои произлегуваат од оваа стратегија“, вели Маричиќ. 

Во таа насока е и носењето на Законот за Јавно обвинителство за што во Извештајот има посебен дел каде што е наведено дека целта на новиот закон, меѓу другото, е да обезбеди одговорност за сторените прекршувања на законите и целосно затворање, до правосилна судска пресуда, на случаите кои ги отпочна Специјалното јавно обвинителство, инфомира тој. 

Слично

Поврзани вести