Минчев: Одлуката на Уставен за Балансерот се спроведува, ќе има ново законско решение
Горан Минчев,министерот за јавна администрација, ја поздрави времената одлука на Уставен суд за непримена на контроверзниот „Балансер“ за етничко вработување и пред медиумите рече дека укинувањето веќе се спроведува во пракса.
- Ако ме прашате за мој личен став, Балансерот кој се стопира со времената мерка на една од тие одредби, како дигитална алатка во минатото беше предмет на злоупотреби и во тој контекст, ја поздравувам одлуката на Уставен суд,рече министерот.
Запрашан дали ќе има законско решение кое ќе го замени „Балансерот“, тој рече дека во овој момент не може да знае.
- Би ја сочекале конечната одлука на Уставен суд и во зависност од тоа каква ќе биде,ние би пристапиле кон ново законско решение кое што патем морам да кажам дека е уставна категорија, наведе Минчев.
Тој ги осуди и повиците за протест и дестабилизација поради временото суспендирање на „Балансерот“ како времена мерка.
