Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИНЧЕВ ДО „ВРЕДИ“ ЗА НОВИОТ БАЛАНСЕР: Таа тема е завршена и архивирана

МИНЧЕВ ДО „ВРЕДИ“ ЗА НОВИОТ БАЛАНСЕР: Таа тема е завршена и архивирана

За  министерот за јавна администрација Горан Минчев новиот балансер е затворена тема. Се повикува за Законот за вработени во јавниот сектор и нема намера да ја смени одлуката со која беше променета методологијата на пресметка на процентот на население од етничките заедници. На коалиционите партнери од  „Вреди“ им порача да читаат закони и да не се занимаваат со дневно-политички теми.

Минчев нагласи дека основната заложба на оваа Влада е етничкиот предзнак да не биде принцип за вработување, туку во администрацијата да се вработуваат кадри врз база на знаење и на квалитет.

„Таа тема е завршена и архивирана. Не постои ништо што е намерно. Или ќе се почитува законот или нема да се почитува“, рече министерот. 

Од утре, почнува и процес на консултации преку кампања под мотото: „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

Од „Вреди“ велат дека застапеноста на Албанците не зависи од ЗНАМ. Тие сметаат дека ЗНАМ живеат во заблуди. 

Слично

Поврзани вести