Минатата недела се пријавени 1.236 реинфекции со коронавирусот
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.236 реинфекции (од кои 6 се втори реинфекции), со намалување за 7,8% во однос на претходната недела.
Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 07 до 13 февруари покажува дека регистрирани сe 8.638 позитивни од 35 градови во државата, со намалување од 13,4% во однос на минатата недела (n=9.977).
Процентот на позитивност се движи од 27,2% до 37,4%, просечно 32,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=4.838; 56,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 837,8,1/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.052, 23,8%) и 40-49г (n=1.629, 18,9%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=434; 5,0%). Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај возрасните групи над 20 години, со најзабележително намалување од 31,5% во возрасната група од 20-29г. Во однос на претходната недела, се забележува зголемување кај возрасните групи од 0-9г и од 10-19г, за 39,5% и 47,6%, соодветно.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 4.711 (54,5%) лица од женски и 3.927 (45,5%) од машки пол.
Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 9.900 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.
Пријавени се 124 смртни случаи во 23 градови во текот на изминатата недела, за 32,6% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (49).
Во однос на возраста, најголем број (n=121; 97,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (3).
За 24 часа во Македонија имаме 465 заразени со коронавирусот.
foto freepik.com
