Економија, финансии, бизнис

Контакт

Минатата недела се пријавени 44 реинфекции со коронавирусот

Минатата недела се пријавени 44 реинфекции со коронавирусот

Бројот на заболени од Ковид-19 на неделно ниво e намален за 6,1 отсто. 

Oд 22 ноември до 28 ноември во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на Ковид-19 се тестирани вкупно 18.781 материјали, што е за 5,1 отсто помалку во однос на претходната недела, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Процентот на позитивност се движи од 9,5 до 17,5 отсто или просечно 14,3 проценти. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.279; 46,5 отсто), со неделна инциденца – 201,7 на 100.000 жители. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово 389,6 на 100.000 жители, се потенцира во Извештајот одбјавен на веб страницата на Институтот за јавно здравје. 

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 44 реинфекции, што е за 10,2 отсто помалку во однос на претходната недела.

За 24 часа се направени 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на КОВИД-19. 

Сојот омикрон кој ги полни болниците во Јужна Африка е нова закана за светот. 

Слично

Поврзани вести