Економија, финансии, бизнис

Контакт

Минарето во Охрид продолжува да „расте“ - изборите поминаа а какво решение ќе понуди Заев?

Минарето во Охрид продолжува да „расте“ - изборите поминаа а какво решение ќе понуди Заев?

Пред скоро два месеци премиерот најави дека решение за Алипашината џамија ќе се бара по изборите а тие поминаа па денеска од Здружението Свест реагираат дека минарето продолжува да се гради.

„Си поминаа изборите и ќе си тераaт по старо.. Опп еве денес 08.05.2019 се спрема нов спрат нa минарето на дивоградбата Aлипашина џамија..Правда нешо..закон нешо..жолт картон нешо..пораката е разбрана нешо..Почитувани 5 мај помина, Охрид нема време да чека!!Довербата повторно ви ја дадовме, Жолтиот картон го испорачавме,не дозволувајте да не изиграте зошто следно е Црвен!!“ - пишуваат од ова здружение на социјалната мрежа Фејсбук.

Премиерот на средбата која ја одржал неодамна токму со ова здружение кажа дека а постои конзерваторско решение за конзервација и реставрација, како што е точно дека нема одобрение за градба. 

„Одлучивме, сензитивен период е, доаѓаат избори, Охрид е пример на соживотот и на меѓурелигиското разбирање, за ова прашање заедно на заеднички состанок после 5 мај, да седнеме во Владата и го изнајдеме решението. Законите треба да се почитуваат во државата, но истовремено да ги почитуваме и сите други околности коишто се важни за сите граѓани", рече тогаш Заев.

Дали ќе следи нова изјава по денешната реакција на здружението „Совест“ од страна на надлежните ќе почекаме.

Слично

Поврзани вести