Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: Јавното мислење за Владата не му оди во прилог на референдумот

Милошоски: Јавното мислење за Владата не му оди во прилог на референдумот

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, не е голем оптимист дека ќе успее најавениот референдум за промена на името од страна на премиерот Зоран Заев за време на прес-конференцијата по повод едногодишнината од новата Влада на РМ.

- Потребен е официјален предлог да се види како би гласело референдумското прашање црно на бело, но не сум сигурен дека ќе и оди лесно на Владата да го убеди народот затоа што резултатите се песимистички според последната телевизиска анкета и подршката што таму и ја дава јавноста на власта - изјави Милошоски за „Фактор“.

„Слабо“ - кусо гласеше неговиот кус коментар за резултатите постигнати на Владата на РМ за едногодишното работење.

Милошоски заедно со грчките медиуми беше предводник на најавите дека Македонија ова лето ќе добие Датум за преговори од ЕУ, условен со решавање на името до декември, како и покана за членство во НАТО.

Останува да се види дали овие потези од меѓународната заедница же влијаат позитивно на најавениот референдум. 

А.К.

Слично

Поврзани вести