Милошоски: Заедно се договорија: криви се кабелот, штекерот и полначот
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети се договориле дека за трагедијата во Тетово во која изгореа 14 пациенти никој да не сноси одговорност.
Смета дека ваквиот однос е само уште една траума за семејствата на загинатите.
„Заедно ги градеа модуларните болници, заедно ги плаќаа од буџет, сега заедно се договорија: криви се кабелот, штекерот и полначот - живи изгореа 14 пациенти во Тетово - но нема ниту оставки, ниту објективна политичка одговорност од министерот Венко и заменикот Хасани, тие нема шанси да се криви, веројатно затоа што се битни и незаменливи владини функционери“, пишува Милошоски на Фејсбук.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека како човек не може да прифати дека кабел или полнач се виновни за смртта на 14 луѓе.
Премиерот Зоран Заев не ги прифати понудените оставки за пожарот во модуларната болница во Тетово. Пожарот се случи на 8-ми септември годинава.
