Милошоски за прифаќањето бегалци: Ако Заев сака да глуми хуманитарец, нека даде личен пример
Заев не е способен во Македонија да им помогне ни на семејствата кои имаат лица со посебни потреби, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји, каде немаме ниту амбасада која би дала барем основни безбедносни податоци за бегалците, критикува Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Додава дека Македонија е меѓу посиромашните држави во Европа, и во оваа ескалација со Авганистан, добро е владата да укаже дека солидарноста треба да се демонстрира од страна најбогатите членки на Обединетите Нации, кои имаат и добар систем за образование и интеграција на бегалци.
„Ако Заев сепак сака да глуми хуманитарец, нека не го прави тоа на сметка на народниот буџет, туку нека даде личен пример“, напиша Милошоски на Фејсбук.
Владата има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локалното население од Авганистан и тоа вработени, жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

Слично
