Милошоски за Митрева: Беше личност и политичар со свои принципи, на кои им остана доследна до крајот
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изрази сочувство по повод смртта на екс министерката за надворешни работи, Илинка Митрева.
„Бевме политички соперници, но секогаш во дебата на ниво и со почит, и најбитно, без разидување за националните надворешно-политички интереси на Македонија. Илинка Митрева беше личност и политичар со свои принципи, на кои им остана доследна до крајот. Сочувство до најблиските. Вечен ѝ спомен“, пишува Милошоски на Фејсбук.
Митрева, починала вчера, на 72-годишна возраст, соопштија од нејзината партија. Таа беше еден од основачите на СДСМ.
Слично
