Милошоски за Груби: Која било земја, каде и да престојувал, не верувам дека е расположена бесконечно да му овозможи гостопримство
Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека во Собранието немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за проневера на 8 милиони евра.
„Веројатно во изминативе 12 или 14 месеци имал време да процени дека нема да има брзи политички промени на власта во Македонија. Тоа што ДУИ го очекуваше или го најавуваше после нивниот пораз на изборите. И тоа може да биде една и од мотивациите на Груби да не одолговлекува и да се пријави на органите на прогонот“, рече Милошоски во гостување на Алсат.
Според него, овде станува збор не само за лице кое што е осомничено од македонското јавно обвинителство, туку се работи за функционер кој е на црната листа на САД.
„Која било земја, каде и да престојувал, без да прејудицирам, не верувам дека е расположена бесконечно да му овозможи гостопримство. Дипломатскиот притисок од една или од друга страна може да биде скап за таа земја која што би била домаќин на еден ваков човек којшто е осомничен“, истакна Милошоски.
Груби утрово се појави на косовско-македонската граница на граничнот премин Блаце, по што полицијата го уапси.
Тој е осомничен во случајот со проневери во „Државна лотарија“. Тој ја напушти земјава пред Обвинителството официјално да отвори истрага, а успеа да излезе од земјава и да влезе во Косово и покрај тоа што беше на т.н. „стоп-листа“. Груби тврдеше дека не избегал, туку дека бил во приватна посета на Косово, наведувајќи дека штом ги заврши обврските, ќе се врати.фото ВМРО-ДПМНЕ
