Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: Внатрепартиска пресметка преку МВР

Милошоски: Внатрепартиска пресметка преку МВР

Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски смета дека во моментов се водат внатрепартиски пресметки во редовите на СДСМ, но институционализирано преку МВР.

Откако беше обелоденето дека службено лице со службен автомобил ја одвел ќерката првиот човек на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, на одмор во Грција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ заклучува дека борбата во владеачката партија ќе се води преку Министерство за внатрешни работи.

„Директорот на БЈБ, Велковски, заслужи разрешување. Но, прашањето е кој го намести? Веројатно некој од внатре, негови или соработници на министерот кои можеле да знаат каде е неговиот телохранител, да го следат и уредно да го фотографираат. Борбата во @SDSMakedonija ќе се води преку МВР!“, напиша Милошоски на својот профил на „Твитер“.

Слично

Поврзани вести