Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: Владата не треба да брза со потпишувањето на договорот со Бугарија затоа што поважен е квалитетот

Милошоски: Владата не треба да брза со потпишувањето на договорот со Бугарија затоа што поважен е квалитетот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска по завршувањето на затворената седница на собраниската Комисија за надворешна политика, изјави дека Владата не треба да брза со потпишувањето на договорот со Бугарија затоа што поважен е квалитетот на договорот. 

Бараат во договорот да се спомене македонскиот народ, да се потврди македонскиот јазик, да има симетрични обврски и за Македонија и за Бугарија и да има јасна дистинкција помеѓу делот на заедничката и делот на посебните истории.

„Доколку овие препораки бидат вградени во дел од текстот и со тоа го унапредат како содржина, а со самото тоа биде и поповолен за Република Македонија, ние како пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ би дале поддршка“- вели Милошоски.

Премиерот Зоран Заев кажа дека во договорот нема дилеми дека се работи за две држави, два народи и два јазика. Текстот на нацрт-договорот не е јавно објавен.

Договорот треба да се потпише на Илинден. 

Слично

Поврзани вести