Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски вели дека пописот бил некомплетен поради 7,2 отсто неизјаснети

Милошоски вели дека пописот бил некомплетен поради 7,2 отсто неизјаснети

За ВМРО-ДПМНЕ пописот бил некомплетен поради 7,2 отсто неизјаснети, а бројките поразителни. 

Пратеникот Антонио Милошоски, вели дека неизјаснетите над 132.000 лица се граѓани кои го бојкотирале пописот, за кои ВМРО-ДПМНЕ смета дека во најголем дел тоа се Македонци. Од партијата на ДЗС му забележуваат дека не требало да ги објави вака бројките, туку да ги соопшти откако ќе ја дефинира нивната етничка припадноста
Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го смета пописот за некомплетен, Милошоски вели дека кога ќе дојдат на власт ќе спроведат електронски попис по европски стандарди. 

По презентацијата на резултатите од пописот спроведен во септември лани, ВМРО-ДПМНЕ излезе со оценка дека бројките се поразителни бидејќи покажуваат дека имаме преголемо иселување, но и дека целата статистичка операција е некоплетна бидејќи 7,2 отсто од населението не се изјаснило во однос на етничката припадност, јазикот вероисповедта.

Милооски забележува на партиите од власта што и пред објавувањето и сега политизираат со процентите и бројките, а за неизјаснетите граѓани кои влегоа во статистиката, но со празна графа за етничка припадност, вели дека станува збор за сериозна бројка.

„Во Македонија денес беше објавено колку има население, како е тоа население дистрибуирано по региони, општини, по градови, и како е тоа население по етничка припадност изјаснето. Но, за првпат во Македонија имаме една сериозна бројка од 7,2% или повеќе од 132 000 за коишто ДЗС и покрај тоа што ги има на располагање сите механизми од образование, до лични карти, матични броеви, изјаснување, по други институции, не успеал да ја дефинира припадноста на овие 132 000 македонски граѓани, жители на државата. Затоа сметаме дека Државниот завод за статистика не се потрудил да ги искористи податоците за да го направи овој попис да изгледа комплетен. Ваквите податоци, пописот го прават некомплетен“, рече Милошоски.

Левица веќе се изјасни дека нема да го признае овој како што рекоа фингиран попис. 

Државниот завод за статистика ги објави резултатите од националниот попис во 2021.

Во Македонија живеат 1.073.299 Македонци или 58,44 проценти, 446.245 Албанци или 24,3 отсто, 70.961 Турци (3,86%), 46.433 Роми (2,53%), 23.847 Срби (1,30 %), 16.042 Бошњаци (0,87), 8.714 Власи (0,47) и 18.912 останати (1,03) како резидентно население. 132.260-мина не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани.

Слично

Поврзани вести