Милошоски вели дека новиот лидер не треба да биде марионета
Пратеникот Антонио Милошоски вечерва пред почетокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го обвинувањето од Никола Груевски вели дека многупати досега разговарале со него во четири очи, а било разговарано и на состаноци со поширокото партиско раководство.
Но, вели очигледно нивните сугестии биле прифатено само декларативно.
„Нашите барања се добронамерни, со цел да не дозволиме новиот партиски лидер однапред да биде познат и избран во една недемократска и нефер трка за претседател на партијата. Да не дозволиме новиот лидер да биде марионета“- изјави Милошоски.
Тој е еден од триесетте високи партиски функционери кои јавно побараа одложување на изборот за нов партиски лидер за февруари поради, како што наведоа, нетранспарентен процес.
Слично
