Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски: Вчерашниот предлог закон за двојазична Македонија се коси со Уставот

Милошоски: Вчерашниот предлог закон за двојазична Македонија се коси со Уставот

Вчерашниот предлог закон за двојазична Македонија од Заев се коси со Уставот на Република Македонија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Според него, доволно е да го видите првиот член од Законот за двојазична Македонија кој го предлагаат Заев, Хазби Лика и Радмила Шекеринска и ќе видите дека овој Закон и овој член се коси со уставните норми од Уставот на РМ. Она што е кукавички е направено, вели Милошоски, е тоа што на овој предлог закон е ставено европско знаменце.

„Ние не можеме, ниту смееме да поддржиме закон кој што е спротивен на Уставот. Второ, долго време предупредувавме, и за време на изборната кампања и после изборната кампања дека Заев е марионета која што не ги штити македонските национални интереси, туку истите ги распродава преку Тиранската палтформа, преку договорот со Софија, а се со цел да се искупи од кривичните дела кои што ги направил. Кредитот го плаќа Република Македонија. Нашите национални интереси се дадени на распродажба за да се заштити желбата на господинот Заев, неговата алчност и лакомост и амбиција да остане како премиер на марионетска влада“ - изјави тој. 

Пратеникот вели дека на народот никој не му кажа пред изборите дека ќе се носи Закон за двојазична Макеоднија.

Слично

Поврзани вести