Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски тврди дека тајно се преговара со Бугарија

Милошоски тврди дека тајно се преговара со Бугарија

Имаме информации од дипломатски кругови дека Бучковски по наредба на Заев тајно преговара, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието Антонијо Милошоски, вечерва во „Само интервју" во Канал 5 телевизија. 

Тој вели дека Бучковски по наредба на Заев е на тајни преговори во Софија за прифаќање на дел од барањата на Бугарија.  Тврди дека ВМРО-ДПМНЕ во јули 2017 година на премиерот Зоран Заев и на тогашниот шеф на дипломатијата, Никола Димитров и на цела Влада има кажале дека имаат пет суштински забелешки на Договорот. 

„Прво, да се спомне македонскиот народ самостојно, второ, да се спомне македонскиот јазик независно од корелацијата со Уставот, трето, да не се откажува земјата од заштита од малцински права, бидејќи тоа е обврска според Советот на Европа, четврто да не биде асиметричен договорот, Македонија да не биде во потчинета ситуација и петто, да има дел каде ќе има и за посебната историја на двата народи, Заев рече дека ќе проба тие нешта да ги внесе во договорот, но брзината на потпишувањето на договорот му беше поважна од суштината на самиот договор, ова денес се последиците на тој договор кој Заев го потпиша“, објасни Милошоски.

Премиерот Зоран Заев вели дека земјава не ја прифаќа декларацијата на бугарскиот парламент, за која нагласува дека не е тајна и е јавно објавена.

Слично

Поврзани вести