Милошоски: Трудо откажа за референдумот
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот фејсбук-профил напиша дека Џастин Трудо, харизматичниот премиер на Канада, нема да дојде во посета на Македонија за да даде поддршка за референдумот на 30 септември.
“Канадската амбасада ја известила македонската влада дека премиерот Џастин Трудо нема да дојде за да даде подршка во кампањата на СДСМ за референдумот! А ПР тимот на Заев само што се пофали”, објави ексминистерот за надворешни работи Милошоски.
Владата се уште официјално не го потврдува или негира тврдењето на претседателот на собраниската комисија за надворешна политика.
Предходно првиот советник на премиерот, Бојан Маричиќ, преку Дојче Веле на
македонски јазик најави дека силна поддршка за референдумот и за пристапувањето во
ЕУ, за премиерот Заев и Владата ќе дојде од шефови на влади на неколку членки на ЕУ и
НАТО.
