Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски распали по советникот на Заев: Зафировски прима плата надвор од Македонија

Милошоски распали по советникот на Заев: Зафировски прима плата надвор од Македонија

Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави писмо во кое вработени од Владата упатиле информации до Антикоупциската комисија во кое надведуваат дека советникот на Премиерот Зоран Заев лаже дека живее во Париз.

Целиот текст на пратеникот во Собранието Антонио Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го пренесуваме во целост:

Писмо до Антикорупциската комисија од вработени во влада кои укажуваат дека:
1. Советникот на премиерот Заев, Љупчо Зафировски, со специјални контакти со кабинетот на францускиот претседател Макрон, лаже дека живее во Париз, како што излажа и премиерот Заев.
2. Љупчо Зафировски поради долгови кон доверители во Македонија, нема никаква сметка во државава, па месечната плата од 1.200€ му се исплаќа на сметка во Србија, што кон доверителите е кривично дело измама кое го прави советникот, а Премиерот е соучесник
3. Советникот со примањето на плата надвор од Македонија веројатно го избегнува и плаќањето на данок во Македонија!
4. Ангажирањето на вакви советници е срам за Македонија и навреда за Франција!

Заев на оваа одговори дека нема да биде истражен орган, зошто некој има сметка дома или надвор од државата. Љупчо Зафировски е наш граѓанин кој дел од своето време го поминува во Франција, истакна премиерот.

Првиот човек на Владата информираше дека на дел од пратениците им завршуваат ангажманите, тие се хонорарно ангажирани, не се вработени, имаат авторски договор односно договор на дело за што се плаќа персонален данок. 




Фото Фејсбук
Слично

Поврзани вести