Милошоски: Сопствениците на „Глобал“ се одговорни за пожарот
Доколку трговскиот центар ГЛОБАЛ немал функционални хидранти и друга задолжителна противпожарна заштита, тогаш не смеел да добие одобрение за употреба, бидејќи тоа е незаконски и претставува ризик за дуќанџиите, ризик за муштериите, за нивните животи и за материјалните добра во објектот“, напиша Милошоски.
Опозицискиот пратеник смета дека семејството на Заеви треба да ја надомести штетата, а како виновници директно ги посочи наводните сопственици.
„Инвеститори, а потоа и сопственици на Глобал во 2014 година станаа фирмите Сим инженеринг и Де Лукс инженеринг, од кои едната е во сопственост на Горан Крстев, кој заедно со Зоран Заев беше аболициран за "ГЛОБАЛ". Медиумите известија дека во дел фирмите на Горан Крстев свој удел има и братот на Зоран Заев.
Затоа би било солидарно доколку Заеви продадат еден Мајбах (380.000€) и едно Бентли (180.000€), и со парите од овие нивни скапи возила ги покријат загубите на дуќанџиите и пазарџиите чиј имот настрада во незаштитениот од пожари ТЦ ГЛОБАЛ“, дополни тој.
