Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милошоски смета дека ни Владата не верува во успешен референдум

Милошоски смета дека ни Владата не верува во успешен референдум

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој поддржува бојкот на референдумот за името, на Твитер напиша коментар за средбата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров и неговиот американски колега Мајк Помпео.

„Прашан за прогноза за референдумот, Димитров рекол „тешко да имаме цензус, очекувам да гласаат меѓу 600 и 700.000 граѓани”.Ни @VladaMK не верува во успешен референдум дури и со полнење кутии во Арачиново и Шутка“- пишува пратеникот. 

Министерот Димитров реагираше преку својот Фејсбук профил.

За него твитот на пратеникот Антонио Милошоски за содржината на разговорот со Државниот секретар на САД Мајкл Р. Помпео, е груба политичка манипулација и безобразен школски пример за создавање лажни вести. 


Слично

Поврзани вести